Home Актуелно Трамп и демократите се закараа во Овалната соба (видео)

Трамп и демократите се закараа во Овалната соба (видео)

Доколку продолжи да се оспорува изградбата на пограничниот ѕид меѓу САД и Мексико, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја блокира работата на федералната влада.

„Ако немаме гранична безбедност, ќе ја блокирам владата“, рече Трамп на бурната средба со лидерите на Демократската партија, Ненси Пелоси и Чак Шумер.

Трамп тврди дека ѕидот на границата на САД и Мексико ќе го спречи нелегалниот влез на Мексиканците во САД, додека мексиканските власти се противат на оваа идеја.

Американскиот претседател истакна дека долго ветуваниот ѕид ќе биде „изграден на овој или на оној начин“, пренесе Си-ен-ен.

Шумер и Пелоси го повикаа Трамп да пронајде некое друго решение, а Шумер нагласи дека не би требало да ја блокира федералната влада поради еден спор.

Трамп на тоа одговори дека „со гордост ќе ја блокира владата и ќе преземе одговорност“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…