Стокмен предлог-законот: Еве кој сè ќе може да бара амнестија за „крвавиот четврток“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Текстот од предлог-законот за делумна амнестија за обвинетите и учесниците во насилнииот упад во Собрание на 27 април минатата година е готов и веќе се знае кој сè ќе може да побара амнестија во врска со „крвавиот четврток“.

,,Секое лице опфатено во процесот ќе треба да поднесе барање за амнестија во понатамошната постапка. На овој начин процесот што треба да даде одговор што се случи на 27 април ќе продолжи, и од таа страна ќе има правна завршница, но исто така дел од лицата ќе добијат амнестија и на тој начин е направен првиот чекор кон релаксација на односите во општеството“-изјави Зеќир Рамчиловиќ, координатор на работната група за помирување.

„Го разгледуваваме и дојдовме до предлог-текст за амнестија, консензуално прифатен во работната група што денеска ќе го доставиме до копретседателите на координативното тело. Очекувам во најбрз рок да се свика седница за да се разгледа текстот, да добие законска форма и да влезе во собраниска процедура“, рече тој.

лицата кои учествувале во физичко насилство, обид за убиство , како и организаторите на упадот, немаат право на амнестија.

Амнестија ќе можат да користат сите оние што не учествувале во физичко насилство и не се организатори.

Рамчиловиќ рече дека дури и во тек на судски процес, ако е завршена доказната постапка, лицата што ги исполнуваат условите ќе може да поднесат барање за амнестија.

Нејасно е кој ќе одлучува и ќе ги разгледува доказите кои се дел од судски процес.