Home Спорт „Македонскиот тигар“ незадржлив: Амедовски за 12 секунди го нокаутира противникот (видео)

„Македонскиот тигар“ незадржлив: Амедовски за 12 секунди го нокаутира противникот (видео)

На Ален Амедовски или „Македонскиот тигар” како што го нарекуваат, му беа потребни само 12 секунди да го нокаутира Французинот Ибрахим Мане (7-2) на настанот Белатор Џенова во Италија.

Ова за Амедовски беше осма победа во исто толку мечеви во својата досегашна кариера во ММА, во категоријата до 84 килограми.

Македонскиот „Тигар” тргна со серија од неколку крошеа со што го покоси Мане со технички нокаут за само 12 секунди.

Ален како и секогаш, и после оваа борба прослави со гордо кренато македонско знаме.

https://youtu.be/L7MZYt0nhLM

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…