Home Спорт Санчез гневен: Сака да го напушти „Олд Трафорд“ што побрзо!

Санчез гневен: Сака да го напушти „Олд Трафорд“ што побрзо!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез бил бесен поради одлуката на Жозе Мурињо да го остави надвор од тимот за мечот со Јанг Бојс во Лигата на шампиони.

Англиските медиуми пренесуваат дека незадоволство на Санчез достигнало максимум и тој донел конечна одлука да го напушти „Олд Трафорд“.

Санчес смета дека нема за него иднина под раководство на Мурињо и му соопштил на раководството дека сака да си замине уште во зимскиот преоден рок.

Мурињо јавно овјави дека Чилеанецот не е повреден, туку го иставил надвор од тимот за мечот со Јанг Бојс од спортски причини.

Најсилен интерес во моментов за Санчез покажува ПСЖ, а „црвените ѓаволи“ немаат против да се разделат со 29-годишниот напаѓач кој е најплатен во тимот.

https://twitter.com/MirrorFootball/status/1068069678944276480

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…