Home Спорт Официјално: Одреден датумот за Суперкласико, Бока одбива да игра!

Официјално: Одреден датумот за Суперкласико, Бока одбива да игра!

Јужноамериканската фудбалска федерација, КОНМЕБОЛ и официјално го одреди датумот за одигрување на финалниот реванш натпревар помеѓу Ривер Плата и Копа Либертадорес.

Натпреварот два пати беше одложуван поради нападот на автобусот со фудбалерите на Бока, а КОНМЕБОЛ денес донесе конечна одлука – мечот ќе се одигра на 8 или 9 декември, а местото на одигрување дополнително ќе биде потврдено.

Раководството на Бока Јуниорс се противи на ваквата одлука и категорично бара дисквалификација на Ривер Плата поради прекршување на правилата и административно да му биде доделен пехарот од Копа Либертадорес.

https://twitter.com/FIFAcom/status/1067444229826375680

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…