Home Шоубизнис Ја симна Бијонсе од тронот: Еве која е најплатена пејачка за 2018 според Forbes

Ја симна Бијонсе од тронот: Еве која е најплатена пејачка за 2018 според Forbes

На врвот од топ 10 листата со најплатени пејачки во 2018 година според престижниот Forbes се најде Кети Пери, со што е прекината доминацијата со оваа листа која ја имаше Бијонсе три години со ред.

Пери годинава заработила 83 милиони долари, од кои 20 милиони за своето учество во жирито на емисијата „Американски идол“, како и нешто над милион долари за секој настап.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

На второто место на листата на Forbes, се најде Тејлор Свифт со 80 милиони долари заработка, најмногу поради албумот „Reputation“.

Трета е Бијонсе, со заработени 60 милиони долари, четврта – Пинк, со 52 милиони, а петта е Лејди Гага, која со својот филм „Ѕвездата е родена“, но и поради договорите со Версаче и МАК, на својата сметка има 50 милиони долари повеќе.

Натаму следат Џенифер Лопез (47 милиони долари), Ријана (37 милиони долари), Хелена Фишер (32 милиони долари). Селин Дион, која за настап во Лас Вегас наплаќа 500.000 долари, а за патување до Европа наплаќа двојно – еден милион, годинава заработила 31 милион долари и се најде на деветтото место.

На 10-то место е Бритни Спирс со заработка од 30 милиони долари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …