Home Вебкафе Има само 5 години, а дневно прави по 5.000 склека

Има само 5 години, а дневно прави по 5.000 склека

Петгодишниот Рахим Куриев го викаат „чеченскиот Шварценегер“ бидејќи го сметаат за најсилното дете во Чеченија.

Малиот веќе е атлетска машина која прави по 5.000 склека дневно. Или да бидеме поконкретни со импресивните бројки – за само 2 часа, без пауза, тој направи 4.105 склека, во обид да го собори светскиот рекорд.

Од првиот обид ваквиот напор сепак беше преголем за петгодишното момче , кое се обврза дека следниот пат ќе го надмине борјот од 5 000 склекови.

Е сега, во Чеченија сè е поврзано со политиката на Кадиров, па така и ова. Малиот Рахим својот обид за соборување на светскиот рекорд му го посвети на чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, кој на подарок на малото момче му подари нов бел Мерцедес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Како би изгледало ако жените имаа (перверзни) фори за мување?

Навикнати сме мажите да имаат смешни и понекогаш излитени фори за мување девојки, но како …