Home Спорт Уште една голема ѕвезда на Реал сака трансфер во Јувентус!

Уште една голема ѕвезда на Реал сака трансфер во Јувентус!

Трансферот на Кристиано Роналдо во Јувентус минатото лето предизвика „земјотрес“ во фудбалскиот свет, а сега медиумите најавуваат уште еден голем трансфер на релација Мадрид – Торино.

Станува збор за Марко Асенсио кој според тврдењето на „Тутоспорт“ е силно заинтересиран за трансфер во Јувентус.

Асенсио е импресиониран од навивачите и клупската структура на италијанскиот клуб, а за добрата атмосфера во тимот му потврдил и неговиот сонародник и пријател Алваро Мората.

Сигурно дека и Јувентус е силно заинтересиран да доведе таков врвен фудбалер со блескава иднина, но за тоа секако ќе се прашува и Реал Мадрид.

Асенсио има договор со „кралскиот“ клуб до 2023 година, но моментално не е задоволен од својот статус и минутажата во клубот.

За потсетување, Реал Мадрид минатото лети одби понуда од 150 милиони евра за младиот Шпанец, па Јувентус сигурно ќе треба да го одврзе кесето за неговиот потпис.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…