Актуелно

Модна дизајнерка ќе биде амбасадорка на САД во Јужноафриканската Република

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја именуваше модната дизајнерка Лана Маркс за нова американска амбасадорка која дипломатски ќе ја претставува најмоќната земја во светот во Јужноафриканската Република.

Маркс, која има јужноафриканско потекло, дизајнира лускузна облека и чанти, а живее и работи во јужна Флорида. Позната е и по тоа што беше една од поблиските пријателки на трагично загинатата принцеза Дајана.

Амбасадорското место во Јонахесбург беше празно од доаѓањето на Трамп на власт што предизвика критики дека неговата администрација е помалку заинтересирана за американско-јужноафриканските односи, за разлика од претходниот состав на Белата куќа.

Со сопругот, доктор Невил Маркс

Advertisements
To Top