Home Спорт ПРЕСМЕТАНО: Мбапе е најскап фудбалер на светот, Меси на 6-то место!

ПРЕСМЕТАНО: Мбапе е најскап фудбалер на светот, Меси на 6-то место!

Ѕвездата на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе е фудбалер со највисока финансиска вредност во моментов, пресмета Институтот за фудбалска статистика (CIES).

Францускиот суперталент е процднет на 216,5 милиони евра со оглед на неговите квалитети и кариерата која ја има пред себе. Втор на листата е напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн кој е проценет на 197,3 милиони евра, а на трето место е Нејмар – 197 милиони евра.

Интересен е фактот дека двете најголеми фудалски ѕвезди кои доминираа последната деценија, Лео Меси и Кристиано Роналдо не се на челните позиции. Аргентинецот е на 6-то место, додека Португалецот го нема ни во првите 15. Тоа е така поради фактот што возраста и должината на договорот играат голема улога во проценката.

Најскапите фудбалери на светот:

1 Килиан Мабе (ПСЖ) – 216,5 милиони евра
2. Хари Кејн (Тотенхем) – 197,3 милиони евра
3. Нејмар (ПСЖ) – 197 милиони евра
4. Мохамед Салах (Ливерпул) – 173 милиони
5. Филипе Којтињо (Барселона) – 171,3 милиони евра
6. Лионел Меси (Барселона) – 170,6 милиони евра
7. Рахим Стирлинг (Манчестер Сити) – 164,6 милиони евра
8. Ромелу Лукаку (Ман Јунајтед) – 164,3 милиони евра
9. Деле Али (Тотенхем) – 163.4 милиони евра
10. Антоан Грозман (Атлетико Мадрид) – 157,7 милиони евра
11. Пауло Дибала (Јувентус) – 155,6 милиони евра
12. Кевин де Брујн (Манчестер Сити) – 150,4 милиони евра
13. Пол Погба (Манчестер Јунајтед) – 130,5 милиони
14. Едерсон (Ман Сити) – 102 милиони евра
15. Самуел Умтити (Барселона) – 99,2 милиони евра

Најскапи голмани:

Најскапи дефанзивци:

Најскапи играчи за врска:

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…