Home Вебкафе Брачен пар четири години држеле маж како роб на нивниот 1,2 милиони долари вреден имот

Брачен пар четири години држеле маж како роб на нивниот 1,2 милиони долари вреден имот

Универзитетската професорка Притпал Бининг и нејзиниот сопруг Палвиндер беа уапсени под обвинение дека еден градежен работник со полско потекло четири години го држеле како роб во шупа во нивната градина, принудувајќи го да живее во нечовечки услови.

56-годишната Притпал и нејзиниот 54-годишен сопруг се обвинети дека држеле работник против неговата волја додека работел на нивната куќа во Хемпшир, вредна 1,2 милиони фунти, пренесува „Метро“.

Брачната двојка е уапсена по рација во Чилворт, село во Хемпшир.

Работникот влегол во локалниот Дом на здравје и на вработените им кажал дека е присилен да работи за храна, и тоа со поминат рок, дека спие на пластична лежалка за сончање во бетонска шупа во која е многу студено.

Името на работникот не е откриено, туку само дека е од Полска и е на возраст од околу 40 години.

„На крајот на градината се наоѓа бетонска шупа, во која е исклучително студено, нема кревет, ниту соодветни санитарни услови, нема тоалет“, изјави Тони Бирн, истражител кој се занимава со заштита на работници од злоставување.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Марго Роби во фустан во стил на долна облека и балетанки „Мери Џејн“ ги освои улиците на Париз

Марго Роби одлично знае како дури и обичната прошетка по улиците на Париз да ја претвори в…