По една и пол година романтична врска, Рио Фердинанд повторно на брачниот олтар


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


После еднаиполгодишна врска, еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата на сите времиња, Рио Фердинанд, и Кејт Рајт одлучија нивната романса да ја крунисаат со брак.

Атрактивната старлета од релното шоу „Towie” веќе не размислува на вакви работи и откако е во романтична врска со легендата на Манчестер Јунајтед.

Рио и Кејт, на изненадување на јавноста, се свршиле во Абу Даби и со венчалните фотографии се пофалија на Инстаграм.

Инаку, за 39-годишниот Рио, 13 години помладата Кејт е првата жена во неговиот живот откако во 2015 година ја загуби сопругата Ребека која почина од карцином.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kate Wright (@xkatiewright) on

На свршувачката во Абу Даби присуствувале и децата на Рио од бракот со Ребека – Лоренцо, Тејт и Тија.