Home Спорт Интер ги сака ѕвездите на Барселона и Манчестер Јунајтед

Интер ги сака ѕвездите на Барселона и Манчестер Јунајтед

Интер во летниот преоден рок донесе квалитетни засилувања и изгради респектабилен тим, но раководството сака додатно да го засили тимот и да се бори за големи трофеи.

Италијанските медиуми тврдат дека „нероаѕурите“ се силно заинтересирани за двајца фудбалер, од Барселона и Манчестер Јунајтед, и сакаат да ги донесат на „Џузепе Меаца“ следното лето.

Станува збор за Антони Марсијал кој не добива голема минутажа на „Олд Трафорд“ и е спремен да ја промени средината. Договорот на Французинот истекува на крајот на сезоната па Интер би можел да го донесе без обештетување, но ќе треба да се избори со големата конкуренција.

Вториот играч е новото засилување на Барселона, Малком. Бразилецот и минатото лето беше на радарот на „нероаѕурите“, но избра да се пресели на „Камп Ноу“.

Меѓутоа, не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“, па Интер сака да ја искористи таквата ситуација и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

https://youtu.be/5WPI6VGMwjw

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…