Home Вебкафе „Вака е полесно“: Дали кујнското ренде го користиме на погрешен начин?

„Вака е полесно“: Дали кујнското ренде го користиме на погрешен начин?

Рендето е прибор кој во кујната го користиме речиси секојдневно и скоро сите на ист начин – исправено. Но, според видеото кое стана вистински хит на социјалните мрежи, изгледа дека цело време сме го користеле на погрешен начин.

Според инструкциите од ова видео, рендето треба да го држиме во хоризонтална положба додека рендаме нешто со него. На тој начин, намирниците кои ги рендаме нема да ни летаат на сите страни, а нема ни да ни се заглавуваат во отворите од рендето. На крајот, само треба да го истресете рендето во садот и сета содржина без проблем ќе си падне на местото каде што треба.

Не дека вертикалното држење на рендето е баш погрешен начин на користење, но некогаш вака веројатно е многу попрактично.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…