Home Спорт Дерби „дела Мадонина“ за новата италијанска ѕвезда

Дерби „дела Мадонина“ за новата италијанска ѕвезда

Следното коло на програмата во Серија А е големото миланско дерби „дела Мадонина“, но Милан и Интер ќе играат уште еден многу важен натпревар за потписот на Николо Барела.

Младиот играч за врска игра фантастично во дресот на Каљари, а неодамна го одигра и првиот меч за италијанската репрезентација каде доби најдобра оценка од критичарите.

Барела важи за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал, а по стилот на игра многу потсетува на Наинголан.

За него силен интерес покажуваат многу европски гиганти, но медиумите тврдат дека главната битка ќе се води помеѓу Милан и Интер.

Миланските гиганти веќе оствариле контакт со менаџерот на 21-годишниот Италијанец чија моментална вредност изнесува околу 40 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…