Home Спорт Официјално: Бускетс и Барса заедно до 2023 година!

Официјално: Бускетс и Барса заедно до 2023 година!

Барселона денес и официјално потврди дека еден од најважните фудбалери на тимот, Серхио Бускетс ставил потпис на нов договор.

Како и што се очекуваше, Бускетс ќе остане верен на Барселона, а со новиот договор ќе остане на „Камп Ноу“ до 2023 година.

Во договорот нормално постои и откупна клаузула според која Бускетс ќе може да го напушти клубот за цена од 200 до 500 милиони евра.

Бускетс веќе десет години е стандарден првотимец во Барселона и до сега одигра 490 натпревари, притоа е заменик капитен на тимот.

Бускетс веќе стекна легендарен статус во каталоснкиот клуб и до сега со Барса освои 28 трофеи, меѓу кои седум во Примера и три во Лигата на шампиони.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…