Home Шоубизнис Бекам го поздрави Ибра: 500 гола – тоа значи дека си…

Бекам го поздрави Ибра: 500 гола – тоа значи дека си…

Честитките и поздравите по повод 500-тиот гол во фудбалската кариера не престануваат да пристигнуваат на сметка на фантастичниот Златан Ибрахимовиќ, кој овој јубилеен погодок го постигна минатиот викенд на дуелот меѓу неговите Лос Анџелес Галакси против Торонто, кој заврши со 3:5 во корист на второспоменатиот тим.

„Драго ми е за Торонто, ќе останат запаметени како моја 500-та жртва“, прокоментира во свој стил шведскиот фудбалер.

Меѓу честитките кои ги доби Ибрахимовиќ, најинтересна е онаа од поранешниот англиски фудбалер Дејвид Бекам.

„Златан ти честитам! 500 голови, каква кариера, каков играч, какво постигнување. Уживање беше да се игра со тебе и против тебе, задоволство е да се биде твој пријател. 500 голови – тоа значи дека си многу многу стар. Честитам уште еднаш пријателе“, истакна Бекам во видео пораката со која му го честиташе јубилејниот погодок на Ибракадабра.

Ибрахимовиќ пред крајот на минатата сезона си замина од Манчестер јунајтед и кариерата ја продолжи во Лос Анџелес галакси.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Емили Ратајковски и Кејт Мидлтон во трендовски стил со тексас

Ако барате есенски тренд во тексас кој е одобрен од славни личности и богати мајки како Ем…