Home Вебкафе Брканица како на филм: Полициска потера по автомобил на аеродром во Лион (видео)

Брканица како на филм: Полициска потера по автомобил на аеродром во Лион (видео)

Закажаните летови на лионскиот аеродром беа привремено одлоежени откако човек кој влета на аеродромската писта беше бркан од полициски возила.

Според извештајот на радиото Европа 1, претходно било пријавено дека возило се движи со прекумерна брзина на автопатот што води кон аеродромот во тој француски град, пренесе Спутник.

Кога полицијата тргнала по пријавата за автомобилот, возачот ја пробил безбедносната барикада поставена околу пистата на аеродромот и влетал на една од пистите. Тогаш тргнала потерата по него, прво со амбулантно возило, а потоа пристигнала и полицијата и специјалните сили.

Возачот истрчал од автомобилот и почнал да бега, но на крај сепак бил совладан. Локалните медиуми го идентификувале возилото како сив Мерцедес со странска регистрација.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…