Home Спорт Во исчекување на ждребот: Ова се сите учесници во ЛШ, Ливерпул во трет шешир!

Во исчекување на ждребот: Ова се сите учесници во ЛШ, Ливерпул во трет шешир!

По завршувањето на плејофот познати се сите учесници во групната фаза од фудбалската Лига на шампиони.

Денес, на свечена церемонија во „Грималди Форум“ во Монако, ќе бидат извлечени групите за новата сезона од Лигата на шампионите.

Ждребот сигурно ќе донесе возбудливи дуели бидејќи во сите „шешири“ има силни тимови. Интересно е што минатогодишниот финалисит Ливеропул е во третиот шешир, а Интер е во четвртиот.

Прв шешир: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Сити, Пари Сен Жермен, Јувентус, Локомотив Москва

Втор шешир: Борусија Дортмунд, Порто, Манчестер Јунајтед, Шахтјор Донецк, Бенфика, Наполи, Тотенхем, Рома

Трет шешир: Ливерпул, Шалке 04, Лион, Монако, Ајакс, ЦСКА Москва, ПСВ, Валенсија

Четврт шешир: Викторија Плзен, Бриж, Галатасарај, Јанг Бојс, Интер, Хофенхајм, Црвена Звезда, АЕК.

Сезоната ќе започне со осум дуели на 18 септември и исто толку ден подоцна.Наредни термини се 2/3 октомври, 23/24 октомври, 6/7 ноември, 27/28 ноември и 11/12 декември.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…