Home Вебкафе Бездомник казнет со 49 дена затвор бидејќи преспал во овој фамозен двор

Бездомник казнет со 49 дена затвор бидејќи преспал во овој фамозен двор

Бездомник кој влегол и четири часа преспал во дворот на Бакингемската палата, која претставува официјална резиденција на британската кралица, беше уапсен и осуден на казна затвор од 28 дена и дополнителен затвор од 21 ден за уништување на имот.

Судот во Вестминистер информираше дека инцидентот се случил на 16 јули, а 44-годишниот бездомник Стивен Лоулор откако влегол во кралскиот комплекс ја откорнал огласната табла од металната решетка и ја искористил за да си легне.

Лоулор во Бакингемската палата влегол околу еден часот по полноќ, а го забележало обезбедувањето рано наутро во пет часот.

Неговиот адвокат изјави дека тој само сакал да „поспие“ и дека се извинува за проблемите. Лоулор ја призна вината пред судот и се извини за незаконското влегување и нанесената штета.

„Претходно сте биле осудени 70 пати, а ова е само уште еден престап во вашата низа“- рече судијата кој го водеше процесот.

Лоулор е осуден на 28 дена затвор за незаконско влегување во заштитена област, а доби и 21 ден затвор за нанесената штета во висина од 210 фунти. Двете казни ќе ги издржува истовремено.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Дали само изгледаш „добро“ за Инстаграм? Вистината за рутината за самогрижа која никој не ја објавува

Во ерата каде што сè е естетски совршено – од утринските рутини до „мирните вечери со свеќ…