Најтежок удар за Роналдо: Моравме да лажеме 9 години дека е подобар од Меси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на „кралскиот“ клуб тешко го прифатија трансферот на нивната најголема ѕвезда Кристиано Роналдо во Јувентус.

Португалецот додатно ги налути откако на презентацијата во Торино изјави дека не било тешко да донесе таква одлука.

После тоа еден навивач на Реал преку Твитер испрати жесток удар за Роналдо.

„Вака ни враќа за тоа што моравме 9 години да лажеме дека е подобар од Меси“, напиша лутиот навивач.

Овој коментар покрена лавина реакции на социјалните мрежи, па многумина заклучија дека ова е најбруталната провокација за Португалецот.