Претседателот на Примера: Роналдо си замина поради високите даноци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на шпанската фудбалска лига, Хавиер Тебас има свое мислење зошто Кристиано Роналдо го напуштил Реал Мадрид.

33-годишниот Португалец направи изненадувачки трансфер во Јувентус, а Тебас смета дека Роналдо заминал од Шпанија поради високите даноци.

„Во Италија Роналдо ќе заработува повеќе поради пониските даноци. Се наоѓаме во незгодна ситуација. Во Шпанија состојбата е најлоша кога се даноците во прашање. Треба да се помислиме околу тој проблем, бидејќи тоа може да го намали потенцијалот на Примера“, изјави Тебас.

Како што е познато Роналдо имаше проблем со даночните власти во Шпанија кои го обвинија за „затајување“ на данок. Португалецот се договори со судот да плати 18,8 милиони евра.