Home Шоубизнис Во Dolce&Gabbana креација Наоми Кемпбел „го украде“ шоуто во Италија

Во Dolce&Gabbana креација Наоми Кемпбел „го украде“ шоуто во Италија

Ревијата на модната куќа Dolce&Gabbana, која се одржа на езерото Комо во Италија, на едно место собра голем број славни личности од светот на модата и шоубизнисот, но „шоуто го украде“ неприкосновената Наоми Кемпбел која се прошета во фантастичен фустан дизајнерски скроен од споменатите креатори.

Декадентниот фустан и пердувестите детали во разни бои на главата одлично се вклопија со чоколадната манекенка која го плени вниманието со својата грациозност.

Иако по возраст се ближи до шестата деценија, манекенката и понатаму знае како да доминира и шармира со својата фигура и изглед.

Покрај Наоми, на пистата се прошетаа и Хелена Кристенсен, Ешли Греам и Лејди Кити Спенсер, внука на принцезата Дајана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …