Home Спорт Торес потпиша за нов клуб – еве каде се сели

Торес потпиша за нов клуб – еве каде се сели

Иако пред неколку дена се шпрекулираше дека кариерата ќе ја продолжи во Австралија, популарниот Ел Нино сепак заврши во Јапонија, како што и се пишуваше на почетокот на трансфер периодот.

Тој потпиша договор со јапонската екипа Саган Тосу и на тој начин отиде по стапките на големите ѕвезди како што се Лукас Подолски и Андрес Иниеста кои исто така Европа ја заменија со Јапонија.

Потсетуваме, Торес пристигна во Јапонија како слободен играч откако што му истече договорот со Атлетико Мадрид, а пред Јорганџиите меѓу останатите играше за Милан, Челзи и Ливерпул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…