Home Спорт Интересен муабет: Еве што му порача бившиот соиграч Евра на Роналдо

Интересен муабет: Еве што му порача бившиот соиграч Евра на Роналдо

Тие двајца своевремено играа заедно во дресот на Манчестер Јунајтед, во еден од најславните периоди од современата историја на англискиот фудбалски гигант.

Кристиано Роналдо е на чекор од „трансферот на векот“, па во таа прилика за овој премин на Кристиано од Реал во  Јуве, за став беше запрашан неговиот бивш соиграч од дресот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра.

„Сите ме прашуваат што мислам за доаѓањето на Роналдо во Јувентус. Се уште не сум разговарал со него за ова, но мојот совет е следен, ако сака да игра до 2050 година, треба да оди во Јувентус“.

„Јас сум благодарен на тој клуб, затоа што после Манчестер Јунајтед, со нив успеав да трчам и да освојувам трофеи. Никогаш не би плукал во чинијата од која се хранев, Јувентус секогаш ќе биде дел од моето срце“, порача вицкастиот Патрис Евра.

Славниот и одличен бек три сезони ги помина во дресот на Јувентус.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …