Home Актуелно Koмандна одговорност за огненото оружје на полицијата во дискотеките, ќе бара Хелсиншкиот комитет

Koмандна одговорност за огненото оружје на полицијата во дискотеките, ќе бара Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет ќе бара одговори за потребата да се демонстрира сила со огнено оружје во дискотеки полни со луѓе, напишаа од Комитетот на нивната страница на „Фејсбук“.

„Ќе се постави и прашањето на командна одговорност! Кој ја дал наредбата и зошто? Полицијата постои да ги заштитува граѓаните и да постапува во рамки на дозволена и неопходна примена на сила и мерки за присилба, секогаш заради обезбедување на сигурност и безбедност!“, напиша извршната директорка на Комитетот, Уранија Пировска.

Хелсиншкиот комитет ги повика сопствениците на дискотеките и граѓаите кои беа присутни и кои ги засведочија настаните да се обратат до Комитетот со изјава. Комитетот утре ќе се обрати и до Секотрот за внатршна контрола при МВР.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…