ВО СКОПЈЕ: Товарен воз удри во автомобил!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Воз удри во автомобил утринава меѓу железничката станица Миладиновци и железничката станица Илинден.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи утринава во 03:10 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, било пријавено дека помеѓу железничката станица Миладиновци и железничката станица Илинден товарен воз кој сообраќал на релација од Табановце кон Скопје Југ удрил во патничко моторно возило „Опел Корса“ со скопски регистерски таблици оставено на пругата од страна на непознато лице.

Повредени лица нема причинета е само материјална штета. Патничкиот и товарниот соораќај на тој дел од пругата бил во прекин од 03,10 до 05,45 часот поради вршење увид на местото на настанот.