Home Вебкафе Почина како милионерка: Просеше на улица, а на сметка имаше 1,1 милион долари

Почина како милионерка: Просеше на улица, а на сметка имаше 1,1 милион долари

Питачката Фатима Отман (52) која живееше од милостината собрана на улиците од Бејрут почина како милионерка. Нејзиното тело беше најдено во напуштен автомобил, а крај него се наоѓаа две торби со 5 милиони либански фунти, односно околу 3.300 долари во кеш.

На штедната сметка која се водела на нејзино има биле најдени 1,7 милијарди либански фунти, односно 1,1 милион американски долари.

Портапролот на полицијата, Џозеф Мусалем, извести дека питачката со инвалидитет починала од срцев удар. Нејзината смрт не се смета за сомнителна.

Полицијата го најде нејзиното семејство во градот Аин Ал-Захаб, а нив ги шокирал износот кој го поседувала Фатима на својата сметка во моментот на смртта.

Фатима била тешко повредена во либанската граѓанска војна поради што не можела да ги користи рацете и нозете. Ја прослави фотографијата на која еден либански војник ѝ дава вода од шише.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…