Меси: Реал Мадрид победува со лоша игра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси во опширно интервју зборуваше на многу теми и се осврна и на вечниот ривал Реал Мадрид.

Меси истакна дека „кралевите“ се исклучително силен тим кој може да остварува добри резултати спо лоша игра.

„Реал Мадрид ги има најдобрите играчи во светот по позиции. Како и ние. Но Реал има нешто што само тие го поседуваат. Можат да постигнуваат добри резултати дури и тогаш, кога играат лошо. Додека ние во Барса треба да сме подобри со разлика, за да победиме“, изјави Меси.

„Оваа сезона во Лигата на шампионите требаше да сме во полуфиналето, ако ја гледаме големата предност која ја имавме против Рома во првиот натпревар. Но нешатата не излегоа по планот. Разочарувањето беше големо. Бевме толку блиску“, додаде Аргентинецот.