Home Спорт Дали е ова ароганција? Во Реал Мадрид веќе ја слават 13-та

Дали е ова ароганција? Во Реал Мадрид веќе ја слават 13-та

Играчите на Реал Мадрид синоќа пласманот во финалето го прославија со специјално изработени маици.

„Кралевите“ го елиминираа Баерн Минхен со конечен резултат 4:3, а после завршувањето на мечот сите фудбалери облекоа маичка на која пишуваше: „Кон 13-тата“.

Реал Мадрид се пласира во третото последователно финале и општо четврто во последните пет години во Лигата на шампиони.

Со 12 освоени трофеи во ова натпреварување, шпанскиот гигант е најтрофеен, а судејќи по маичките сигурно ја очекуваат и 13-та титула на 26-ти мај во Киев.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…