Home Актуелно Еве со какво време ќе го испратиме април и пречекаме мај

Еве со какво време ќе го испратиме април и пречекаме мај

Сончево и топло со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови.

Утринската температура ќе биде во интервалот од 6 до 14, а максималната дневна од 23 до 29 степени.

УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време со температура од 12 до 29 степени Целзиусови. 

Во наредните денови продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер. Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови и тоа претежно во планинските подрачја.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…