Home Актуелно Американските санкции го притиснаа „Кралот на алуминиумот“

Американските санкции го притиснаа „Кралот на алуминиумот“

Олег Дерипаска, рускиот олигарх и бизнисмен познат како „Кралот на алуминиумот“, потклекна пред санкциите на САД кон Русија и си поднесе оставка на позицијата Претседател на советот на директори на компанијата „Ен-плус“.

Тој го прифати условот да го намали својот удел на акции за помалку од 50 проценти и во претпријатието да се постават нови независни директори.

Компанијата контролира шест проценти од светскиот пазар на алуминиум, па САД со претходните санкции сакаше да удри по џебот на руските бизнисмени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…