Home Актуелно Дали во атентат во Јужноафриканска Република беше ликвидиран убиецот на Аркан?

Дали во атентат во Јужноафриканска Република беше ликвидиран убиецот на Аркан?

Според известувањата од српски „Курир“, во атентат извршен во предградие на јужноафриканскиот град Јоханесбург, убиено е машко лице за кое постојат сомнежи дека станува збор за еден од ликвидаторите на Жељко Ражнатовиќ – Аркан.

Според неофицијалните информации со кои располагаат српските власти, се работи за Милан Ѓуриќиќ – Мики, еден од вмешаните во убиството на Жељко Ражњатовиќ – Аркан. Српската полиција чека на официјална потврда за идентитетот на загинатиот.

Според извештајот од Интерпол, кој работи на расветлување на убиството, станува збор за белгиски државјанин кој личи на споменатиот Ѓуриќиќ, но официјална потврда дека убиениот е Мики сè уште нема.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…