Home Спорт Хејнкес: Нема фаворити, но имам добро претчувство!

Хејнкес: Нема фаворити, но имам добро претчувство!

Утре Баерн Минхен ќе ги одмери силите со Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите, што ќе биде последниот голем меч за 72-годишниот Хејнкес на „Алијанц Арената“.

„Не планирав повеќе да работам, па за мене е привилегија што можам да играм полуфинале и евентуално финале. Среќен сум што воопшто имам шанса да играм против Реал. За секој фудбалер и тренер натпреварите против Реал Мадрид се врвот на кариерата“, смета Хејнкес.

„Цел свет ќе го гледа овој дуел, па треба да ги контролираме емоциите, иако тоа нема да биде лесно. И двата тима имаат играчи од светска класа кои се залагаат за напаѓачки фудбал. Во овој дуел нема фаворити, но јас имам добро претчувство“, закучи искусниот стратег.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…