Home Вебкафе Направија грабеж тежок 1 милион долари – во „игра“ е Samsung Galaxy S9

Направија грабеж тежок 1 милион долари – во „игра“ е Samsung Galaxy S9

Грабежот кој се случи на аеродроот во Рио де Жанеиро, изведен од тројца разбојници, веројатно се вбројува во грабежите на деценијата, бидејќи „тежината“ на украдената роба достигнува 1 милион долари.

На меѓународниот аеродром „Галеао“ во Рио де Жанеиро, тројца криминалци облечени во униформи кои ги носи аеродромскиот персонал, успеаја да украдат цела пратка Samsung Galaxy S9 паметни телефони. Се проценува дека цената на украдените мобилни уреди е околу 1 милион американски долари.

Полицијата засега не дава коментари за инцидентот, а фотографиите кои ви ги пренесуваме се дел од доказниот материјал за грабежот кои протекоа во јавноста.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Хелена Кристенсен: Тајните на блескавата убавина на супермоделката

Кои се ритуалите и третманите за лице што ги следи славната данска убавица и поранешен Вик…