Home Спорт Англичаните најавија два трансфери кои ќе предизвикаат „земјотрес“ во Европа

Англичаните најавија два трансфери кои ќе предизвикаат „земјотрес“ во Европа

Англиските медиуми најавуваат дека на повидок се два трансфери кои можат да предизвикаат тектонски промени во фудбалска Европа!

Манчестер Јунајтед е подготвен да плати неверојатни 350 милиони фунти за Нејмар, а „светците“ би можеле тие пари да ги искористат за привлекување на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид.

Како што се пишува Мурињо би сакал да го види Нејмар во Англија како водач на неговио тим а за тоа е подготвен да ги сруши сите рекорди да Бразилецот пристигне на Олд Трафорд.

Во тоа ќе му помогнат спонзорите бидејќи со Нејмар, Јунајтед ќе има и голема комерцијална придобивка.

Доколку дојде до трансфер реалција Париз – Манчестер, ПСЖ е спремен да ги понуди сите пари на кралскиот клуб за Кристиано Роналдо. Не е тајна дека Португалецот имаше проблеми со шпанскиот закон, и дека не е задоволен што Меси добива поголема плата од него, а Перез не е спремен да му понуди нов договор.

ПСЖ може да го направи најплатен фудбалер на светот и да му понуди нов предизвик во кариерата. Доколку дојде реализација на овие трансфери дефинитивно ќе дојде до промена на фудбалската мапа на Европа.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…