Home Актуелно Почина бившата прва дама на САД, Барбара Буш

Почина бившата прва дама на САД, Барбара Буш

Доживувајќи длабока старост, на 92-годишна возраст, почина бившата прва дама на САД Барбара Буш, соопшти канцеларијата на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател на САД Џорџ Буш.

Тие беа во брак 73 години, а госпоѓа Буш беше една од двете први дами на САД која беше мајка на претседател Џорџ Буш помладиот. Другата беше Ебигејл Адамс, сопруга на Џон Адамс и мајка на Џон Квинси Адамс.

„Барбара Буш почина во вторникот, на 17 април, на возраст од 92 години“, се вели во соопштението што на „Твитер“ го објави Џим Мекграт, кој во неделата објави дека таа одлучила да го прекине лекувањето.

„По низа хоспитализации и консултации со семејството и лекарите, Барбара Буш (92) одлучи да не продолжи со медицински третман“, најави тој споменувајќи го влошеното здравје на некогашната прва дама.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…