Home Спорт Фердинанд го советува Јунајтед: Ако сакате трофеи, купете го НЕГО

Фердинанд го советува Јунајтед: Ако сакате трофеи, купете го НЕГО

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, јавно го советуваше раководството на клубот да го донесе Герет Бејл на „Олд Трафорд“.

Легендарниот дефанзивец тврди дека токму Бејл е вистинскиот човек кој може да ги врати „црвените ѓаволи“ на победничките патеки.

„Би сакал Јунајтед да го донесе Бејл ако е можно. Неговата цена не е многу висока и треба сериозно да размислат на таа тема. Оваа сезона не е особено успешна за него, но и покрај тоа постигна 16 гола што воопшто не е малку”, изјави Фердинанд.

„Мислам дека тој може да заврши одлична работа во Јунајтед и да му помогне на тимот во битката за трофеи“, додаде поранешниот репрезентативец на Англија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…