Home Спорт Легендарниот украински фудбалер преживеа ХОРОР: Појде да си ја види ќерката, доби три куршуми!

Легендарниот украински фудбалер преживеа ХОРОР: Појде да си ја види ќерката, доби три куршуми!

Легендата на украинскиот фудбал, голманот Олександр Шовковски, преживеа хорор предизвикан од мајката на неговата поранешна сопруга, која се обиде да го убие.

Шовковски на социјалните мрежи ја објавил снимката на која жена со пиштол трипати пука кон него. Тој бил пред куќата на својата бивша сопруга за да ја земе својата ќерка, но од балконот на се појави мајката Олга Аланова, која прво почна да фрла со камења, а потоа извади пиштол.

Кога Шовковски стигна пред капијата се слушнa првиот истрел, по што следеа уште два.

Шовковски е вистинска легенда на Динамо Киев, а за украинската репрезентација одигра 92 натпревари.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…