Home Спорт Хаос во Спортинг: Претседателот суспендира 19 фудбалери, меѓу нив и Ристовски

Хаос во Спортинг: Претседателот суспендира 19 фудбалери, меѓу нив и Ристовски

Поразот од Атлетико Мадрид донесе големи потреси во редовите на Спортинг Лисабон чии фудбалери го бојкотираа тренингот по неумерените критики од претседателот Карваљо.

Како одговор на ова, фудбалерите вчера решија да штрајкуваат и испратија заедничко соопштение преку социјалните мрежи.

На Бруно де Карваљо не му се допадна ова, па тој суспендираше 19 фудбалери, помеѓу кои и нашиот Стефан Ристовски.

Покрај Стефан Ристовски, суспендирани се уште и Руи Патрисио, Вилијам Карваљо, Бруно Фернандеш, Батаља, Пичини, Паљиња, Коатес, Акуња, Желсон, Поденсе, Бруно Сесар, Монтеро, Брајан Руиз, Рубен Рибеиро, Рафаел Леао, Думбија, Вендел и Коентрао.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…