Home Спорт Барселона пред израмнување на голем рекорд!

Барселона пред израмнување на голем рекорд!

Лидерот во Примера, тимот на Барселона се наоѓа пред израмнување на значаен рекорд во првенството, кога се во прашање натпреварите без пораз.

Каталонците викендов го пречекуваат Леганес на „Камп Ноу“ и доколку останат непоразени ќе запишат рекордни 38 натпревари во првенството без пораз.

Натпреварот со Леганес се игра во рамките на 31-то коло од Примера, но серијата на Каталонците трае од последните седум меча од минатата сезона. Тимот на Валверде може да го израмни рекордот на Реал Сосиедаде од сезоната 1979/80.

Натпреварот против Леганес ќе биде јубилеен 50-ти за тренерот Валверде, кој може да се пофали со најмалку порази. Единствените порази кои ги доживеа Барселона се двата од Реал Мадрид во Суперкупот на Шпанија и еден од Еспањол во Купот.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…