Home Спорт Готово: Позната следната дестинација на Балотели

Готово: Позната следната дестинација на Балотели

Марио Балотели на крајот на сезоната ќе ја напушти Ница како слободен агент, и најверојатно повторно ќе се врати во Серија А.

Англиските медиуми пренесуваат дека неговиот агент Мино Раиола денес имал средба со раководството на Рома и двете страни разговарале за трансферот на италијанскиот напаѓач на „Олимпико“.

Пред извесно време, Балотели даде интервју за „Газета дело Спорт“ и јавно потврди дека би сакал да игра во Рома, а сега медиумите тврдат дека трансферот е многу веројатен.

Имено, двете страни постигнале начелен договор за трансфер и наредните денови треба да ги договорат последните детали од соработката.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…