Home Спорт Шпанците го сакаа во својата репрезентација, а тој изјави: Спремен сум да умрам за францускиот дрес

Шпанците го сакаа во својата репрезентација, а тој изјави: Спремен сум да умрам за францускиот дрес

Дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Лукас Ернандез нема да настапува за шпанската репрезентација бидејќи се одлучи репрезентативната кариера да ја гради во Франција.

Лукас и неговиот брат Тео, кој игра во Реал Мадрид, се родени во Марсеј, но од својата четврта година живее во Мадрид.

Лукас со месеци им се нудеше на Шпанците, „Марка“ објави дека сигурно ќе добие повик во репрезентацијата, но дефанзивецот на Атлетико во последен момент ја избра Шпанија.

Само неколку дена претходно изјави:

„Се чувствувам како Шпанец. Оваа држава ми даде се, и доколку селекторот ме повика, ќе одговорам со задоволство“.

Сепак, повик од Лопатеги не пристигна, па сега Лукас е „спремен да умре“ за францускиот дрес.

„Имам 22 години, од кои 18 живеам во Шпанија. Вистина е дека Шпанија ми даде се, дури и подобро зборувам шпански отколку француски, но решив да настапувам за Франција. Подготвен сум да умрам за францускиот дрес“, изјави Лукас.

Лукас веќе одигра еден меч за Франција, но пријателски, против Колумбија, а неговиот брат Тео се уште нема одлучено за која репрезентација ќе настапува.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…