Салах сака да остане, Ливерпул спреми нов договор, но…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Ливерпул не паметат кога раководството „погодило“ толку добро засилување, како што тоа го направија минатото лето со Мохамед Салах.

Египѓанецот пружа фантастични партии па оваа сезона постигна 36 гола и забележа 12 асистенции, па логично стана трансфер мета на најбогатите европски клубови.

Медиумите веќе подолго време пренесуваат дека Реал Мадрид покажува сериозен интерес за Салах. Поради тоа Ливерпул спреми одговор и е спремен значително да му ја зголеми платата на фудбалерот.

Имено, „црвените“ спремаат нов договор, кој наводно ќе биде потпишан во наредните денови и според кој Салах ќе добие скоро двојно зголемување на платата. Имено, Египќанецот ќе заработува 12 милиони евра по сезона.

„Го сакам Ливерпул. Убаво ми е овде, се игра фудбал каков што сакам и тоа ми одговара“, изјави Салах.

Сепак, прашање е дали новиот договор ќе го „заштити“ Ливерпул од нападите на Флорентино Перез. Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид во Салах гледа идеален наследник на Герет Бејл и дека наскоро првиот човек на „кралскиот“ клуб лично ќе се ангажира околу овој трансфер.

Останува да видиме дали Салах ќе остане доследен на своите зборови, или сепак нема да може да одолее на престижот на Реал Мадрид…