Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Славната старлета Ким Кардашијан се придружи на протестот против оружјето во Вашингтон, па нормално, не пропушти прилика од тоа да направи публицитет и да се пофали на Инстаграм. Но, наместо пофалби, нејзината фотка набрзо беше мета на критики и исмевање.
Ким очигледно не ни забележа каква глупост направила со средувањето на фотографијата, додека на тоа не ја предупреди заедницата на социјалните мреж, кои веднаш забележаа дека старлетата се заиграла со Фотошоп корекциите.
На фотката која Ким сакаше да ја сподели и да се пофали дека оди на протестите, очигледно си се видела малку полничка во облеката која за неа ја одбрал сопругот Канје (парчињата се негов брендиран дизајн), па набрзо потоа објави друга, „поистенчена“ фотографија, навидум идентична со првата. И тука на сцена настапи интернет заедницата која распали по Ким.
„Дали е тоа вселенски брод?“, „Што се случило со автомобилот во позадина?“, „Ова очигледно е средувано“, беа само некои од коментарите кои се однесуваа на „истанчениот“ автомобил зад Ким кој ја издаде старлетата во корекциите на својата половина.