Home Спорт Сампаоли: Мундијалот му стои како револвер на главата на Меси

Сампаоли: Мундијалот му стои како револвер на главата на Меси

Селекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоло смета дека Лео Меси се наоѓа под преголем притисок пред Мундијалот во Русија.

Во изминатите неколку дена многу поранешни фудбалски легенди истакнаа дека Меси не може да се смета за најдобар играч во историјата, бидејќи се уште нема трофеи со селекцијата на Аргентина.

Овој Мундијал е можеби последна шанса фудбалерот на Барселона да ја однесе својата земја до титулата. Поради оваа причина, Сампаоли во својата книга, која ќе биде објавена во април, објасни под каков притисокот е Меси.

„Лео има револвер на главата, наречен Светско првенство, и ако не победи, ќе биде застрелан и како резултат на тоа, тој не може да ужива во неговиот талент. Целата приказна за неговите настапи во националниот тим многу му штети“, напиша селекторот на Аргентина.

За потсетување, на последното Светско првенство во Бразил во 2014 година, Аргентинците ја загубија титулата по поразот во финалето од Германија по продолженија.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…