Home Вебкафе Потпечени банани со Нутела – неодолив десерт кој ги освојува вкусовите

Потпечени банани со Нутела – неодолив десерт кој ги освојува вкусовите

Викендот обично е период кога секој почесто решава да се почести со некој фин десерт, за да ја разбие монотонијата од храната на која го принудува динамиката преку работната недела.

Ако ви е здосадено и од ресторани и слаткарници, па сакате сами да си подготвите нешто дома, ви го предлагаме овој вкусен и едноставен десерт со потпечени банани и Нутела.

Потребни состојки:

Банани, Нутела и масло

Начин на подготовка:

Секоја банана пресечете ја наполовина и добиените парчиња издлабете ги во средината, па наполнете ги со Нутела.

Остатокот од бананата кој што го добивате со вдлабнувањето искористете го како чеп на полнењето.

Наполнетите банани пропржете ги во врело масло, додека не заруменат од сите страни подеднакво. Друга, поздрава варијанта е да ги потпечете во рерна или микробранова на висока температура додека да ја добијат споменатата боја.

Бананите се сервираат, послужуваат и консумираат додека се топли.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…