Home Спорт Видео: Кливленд рутински, Бостон ги скроти „биковите“

Видео: Кливленд рутински, Бостон ги скроти „биковите“

Синоќа се одиграа 7 натпревари во НБА лигата, Кливленд стигна до рутинска победа, додека Бостон лесно се справи со „биковите“.

Кливленд Кавалирс на домашен терен го совладаа тимот на Детроит Пистонс со резултат 112:90. Леброн Џејмс беше лидер на Кавалирс во победата, забележувајќи бројки од 31 поен, 7 скока и 7 асистенции. Сосем очекувано, Блејк Грифин беше најдобар поединец на Пистонс, со 25 поени и 8 скока.

Екипата на Бостон Селтикс очекувано се радуваше на теренот на Чикаго Булс (89-105) предводен од Џејлен Браун и неговиот учинок од 21 поен.

Останати резултати:
Индијана – Милвоки 92:89
Мајами – Феникс 125:103
Сан Антонио – Мемфис 100:98
Јута Џез – Орландо 94:80
ЛА Лејкерс – Портланд 103:108

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…