Home Спорт Видео: Монструозна партија на „Кралот“ – Леброн ја промени историјата

Видео: Монструозна партија на „Кралот“ – Леброн ја промени историјата

Синоќа се одиграа шест натпревари во НБА лигата и сите поминаа во сенка на неверојатниот Леброн Џејмс, кој повторно ја промени историјата.

Леброн Џејмс одигра фантастична партија против тимот на Бруклин Нетс и успеа да му донесе победа на Кавалирси со резултат од 129:123.

Тој запиша „трипл-дал“ учинок со 31 поен, 11 асистенции и 12 скока и одново постигна рекорд, стануваjќи единствениот кошаркар во историјата на НБА лигата со над 30.000 поени, 8.000 скока и 8.000 асистенции. Рекорден број на поени постигна новото засилување Џорџ Хил, кој помогна со 26 поени.

Останати резултати:
Шарлот – Чикаго 118-103
Мајами – Филаделфија 102-101
Милвоки – Вашингтон 104-107
Портланд – Сакраменто 116-99
Денвер – ЛА Клиперс 120-122

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…