Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Хјустон продолжува да доминира во регуларната сезона на НБА лигата и синоќа ја запиша 12-та последователна победа.
„Рокетс“ ја забележа 12-тата по ред и вкупно 46-та победа за сезоната по успехот од 119:114 над Денвер.
Во „Пепси центарот“, Џејмс Харден беше најуспешен со 41 поен, а Крис Пол додаде 23 поени за успехот на тимот до Тексас.
Кливленд не успеа да го избегне поразот од Сан Антонио иако го имаше брилјантниот Леброн Џејмс кој мечот го заврши со 33 поени и 13 скока. Дури седум играчи од гостинскиот тим запишаа двоцифрен учинок, што беше клучно за нова победа на Спарси од 94:110.
Резултати:
Шарлот – Детроит 114: 98
Милвоки – Њу Орлеанс 121: 123
Кливленд – Сан Антонио 94: 110
Вашингтон – Филаделфија 109: 94
Денвер – Хјустон 114: 119